БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

„Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Следејќи изолационистички курс во својата антиевропска определба кадарот на ДПМНЕ во Министерството за надворешни работи, кој фанатачки ги поддржува антицивилизациските напори на САД и Израел оличени во воената агресија врз Иран, ја користи секоја прилика да ја искаже својата слепа поддршка и вазалска потчинетост кон агресорите врз оваа суверена нација, при што на површина испливува нивното елементарно непознавање на меѓународното право и нивните сомнителни морални вредности. 

Квалификацијата на државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Елена Кузмановска, на бруталната агресија на САД и Израел врз Иран како „право на војна” во обид да го дисквалификува правото на самоодбрана на Иран е очигледен показател на бесмисленоста и отуѓеноста на надворешните политики на Муцунски чија безидејност во определбата за поддршка на реакционерните злосторнички режими на Трамп и Нетањаху, веќе извесно ја носат Република Македонија во меѓународна изолација. Со овој застрашувачки гаф на Кузмановска на виделина излегува не само апсурдноста на вмровската надворешна политика водена од некомпетентни кадри, туку и нивната агресивна природа и аморалност при што оправдуваат чин на војна за едните, додека притоа негираат елементарно право на самоодбрана кај другите.

Како политичка партија со антиимперијализмот и мирољубивоста како носечки вредности – Левица апелира до Министерството за надворешни работи, во согласност со меѓународното право, да ја осуди илегалната брутална агресија на САД и Израел врз Иран – суверена држава и членка на ОН и да го напушти курсот на поддршка на џелатите Трамп и Нетањаху чии здружени сили сејат смрт ширум Блискиот исток и чија непрестана агресија води кон дестабилизација на други региони и чувство на небезбедност во целиот свет.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Левица се залага за независна надворешна политика водена од интересите на македонскиот народ и држава, притоа следејќи ги принципите на солидарност помеѓу подјармените народи и мирољубива политика во согласност со начелата на меѓународното право.

-Извор: Соопштение на Левица упатено до медиумите

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace