По повод големиот христијански празник Собор на 12 Апостоли-Павловден, кој што е празник и закрилник на град Виница, денес беа обележани повеќе активности. Традиционално се одржа света Архиерејска богослужба во храмот „Св. Архангел Михаил“ – Виница на која чиночалствуваше неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион и се изврши свечена литија со иконата на Светиот апостол Павле до параклисот на Градскиот плоштад каде се благослови празничниот леб. Свој настап на Градскиот плоштад пред присутните имаше и фолклорниот ансамбл „Китка“-Истибања.
Беше одржана и свечена седница на Советот на општина Виница на која на мое огромно задоволство имав чест да доделам награди и признанија на ученици на генерации, најдобар полициски службеник, пожарникар и медицинско лице, како и плакети на заслужни граѓани.
Вредносен ваучер од општина Виница добија Теона Стојменовски-Првенец на генерација 2021-2022 година во СОУ „Ванчо Прке“, Евгенија Џабирска-Првенец на генерација 2021-2022 година во ООУ „Славчо Стојменски“, Марија Наскова-Првенец на генерација 2021-2022 година во ООУ „Гоце Делчев“, Христијан Мајсторски-Првенец на генерација 2021-2022 година во ООУ „Кочо Рацин“-Блатец и Велинчо Китанов-Првенец на генерација 2021-2022 година во ООУ „Никола Парапунов“-Драгобраште.
Признанија за најдобри полициски службеник, пожарникар и медицинско лице за 2021 година добија Никола Стојановски-најдобар полициски службеник, Даниел Механџиски-најдобар пожарникар и Д-р Ката Бојаџиска-надобро медицинско лице.
Плакети на заслужни граѓани добија Рената Николовска од Хуманитарното здружение УМИЛЕНИЕ Виница за значаен придонес за промовирање на хумани вредности и развој на волонтерството во општина Виница и Стојко Митковски од ФА „Китка“-Истибиања за значаен придонес во негувањето и развивавањето на фолклорните вредности и традиција и афирмација на општина Виница.
Преостанати активности во текот на денот на кои Ве поканувам да присуствувате се:
12:00 ч. Ликовна изложба на Новица Трајковски (Дом на култура „Тошо Арсов“).
12:30 ч. Павловденска крводарителска акција (Крводарителската акција ќе започне од 09:00 ч. и ќе трае до 14:00 ч. во просториите на Црвен Крст -Виница).
19:00 ч. Баскер перформанс на баскер изведувачот Кики Бенито (Градски плоштад „Ангел Винички“).
19:30 ч. Музички настап на дечињата од ОЈУГД „Гоце Делчев“ (Градски плоштад „Ангел Винички“).
20:00 ч. Промоција на книгата „Римско оружје и наоди од I до VI век во Македонија“ на Проф. Д-р Бошко Ангеловски (Венчална сала)
-Изложба „Оружје и опрема од Виничко Кале“ (Музеј „Теракота“).
20:00-22:00 ч. Баскер перформанс на баскер изведувачот Кики Бенито (Детски парк до Александар Парк).
Драги Виничани каде и да сте поминете го празникот во добро здравје, во радост и во среќа. За многу години Павловден!
Информативен интернет портал посветен на граѓаните на Брегалничкиот регион..
Контакт маркетинг и редакција: 079/329-300 или на e-mail: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видео: Спроведена акција за чистење и уредување на речните водотеци во центарот на село Град, делчевско
Пристигна градежната оператива на Македонија пат во Делчево, ќе се санира клучен проблем кој го засега цел град
Иван Гоцевски: Само во Делчево, градоначалникот ги дели пожарникарите на “ваши и наши”