БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пред 50 години на денешен ден почина богот на гитарата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска се навршуваат 50 години од смртта на еден од највлијателните гитаристи а според многумина и највлијателниот гитарист во историјата на музиката, единствениот Џими Хендрикс.

Приказната започнува во 1942 година каде на друго место ако не во легендарниот американски Сиетл.

Џими Хендрикс започна да свири гитара на негови 15 години а до моментот на неговата смрт на 18 септември 1970 година тој стана еден од највлијателните музички креативци воопшто.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Според музејот “Рок н Рол хала на славните” од Кливлент, Охајо Џими Хендрикс е најголемиот инструменталист во историјата ан рок музиката.

Со неговите хитови “Еј, Џо” (Hey, Joe) “Пурпурна магла” (Purple Haze) и “Ветрот ја оплакува Мери” (The wind cries Mary), тој три пати се искачи на врвот на топ листите во Велика Британија а со својот албум Electric Ladyland стигна до број 1 во САД.

Своевремено Џими Хендрикс беше најскапо платен изведувач во светот. Тој за својот концерт во Медисон Сквер Гарден кој се одржал на 18 мај 1969 година бил платен 14 илјади долари по минута.

Тој е еден од легендарните артисти кои што настапиле на првиот Вудсток фестивал кој што прерасна во културен феномен во годините потоа.

Џими Хендрикс е значаен за светот на музиката по многу карактеристики кои што го сочинувале неговиот живот, но најзначаен е во иновациите со својот звук кој што го продуцирал со неговата гитара.

Првенствено тој бил инспириран од рок н ролот и електричниот блуз, но потоа изградил свој автентичен звук со кој што за многумина музички критичари Џими Хендрикс ги дефинирал наредните децении на развојот на музиката воопшто.

Според престижното светско музичко списание “Ролинг Стоун” неговите три албуми се вбројуваат во 100 највлијателни рок албуми на сите времиња, додека самиот Џими Хендрикс е именуван како најдобар гитарист и 6 по ред најдобар изведувач на сите времиња.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace