Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со Министерот за здравство Арбен Таравари ја посетија групата повредени во трагичниот пожар во Кочани, по што се приклучи на состанокот на кризниот штаб при Министерството за здравство.
“Денеска ги посетив повредените од трагичниот пожар во Кочани и присуствував на состанокот на кризниот штаб на Министерството за здравство.
Им изразувам огромна благодарност на здравствените работници за нивната пожртвуваност, на соседните земји за поддршката и на сите кои помогнаа во овие тешки моменти. Борбата продолжува, а се прават натчовечки напори сите пациенти да закрепнат и да се вратат дома во добра здравствена состојба.
Како Влада, остануваме целосно фокусирани и преземаме конкретни чекори. Наскоро ќе објавиме информации за начините на помош и донации. Благодарност до сите кои покажуваат хуманост и солидарност.”
напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски во врска со оваа посета.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија