БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Премиерот Мицкоски со истакнати пофалби за работата на началникот на Генералштабот Генерал-мајор Сашко Лафчиски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на полигонот во касарната “Илинден” Скопје на настан на кој се презентираше воената опрема која што Македонската армија ја доби како неповратна грант донација од Европската унија, свое обраќање имаше и Премиерот на Македонската влада Христијан Мицкоски. Тој се заблагодари за континуираната поддршка на институците на ЕУ во развојот на нашата држава и ја истакна важноста на оваа донација во подобрувањето на техничките капацитети на АРМ.

Во своето обраќање Премиерот Мицкоски ја истакна својата благодарност кон началникот на Генералштабот Генерал-мајор Сашко Лафчиски кој што со целиот свој капацитет и стручна подготвеност овозможува висок степен на раст на капацитетите на армијата не само во интерес на националната безбедност туки и пошироко во подобрување на безбедноста во регионот и меѓународни рамки.

“Денес присуствував на промоција на нова воена опрема на Министерството за одбрана во соработка со Европската Унија, во касарна Илинден.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Се заблагодарувам на амбасадорот за неговата лична посетеност, на Европската Унија што донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност, како Армија којашто е составен дел на НАТО Алијансата.

Исто така би сакал да се заблагодарам на мојот колега од Владата, министерот за одбрана, на заменикот, на луѓето од Министерството, за посветената работа.

Сакам да ја искористам оваа прилика да ја истакнам работата на началникот на Генералштабот и да се заблагодарам на неговата неуморна работа и посветеност, за да може нашата Армија да изгледа вака како што изгледа, да биде конкурентна, да биде подготвена.

Ние остануваме, како Влада, посветени да ги исполнуваме сите барања од страна на НАТО Алијансата.”

-трече денеска во однос на своето обраќање пред присутните во касарната “Илинден” Претседателот на Македонската Влада Христијан Мицкоски

Креирано од:


Пренеси го гласот