Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски преку свое соопштение упатено во јавноста ја искажа својата најдлабока почит кон жртвите кои што го положија својот живот во одбтана на татковината во војната во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила.
“Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.
На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.
Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили.
Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили.
Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации.
Вечна им слава на бранителите!”
-напиша на социјалните мрежи Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист