БИТОЛА – 11 АВГУСТ
ВЕЛЕС – 12 АВГУСТ
ПОЧЕТОК: 20:30 ЧАСОТ
Драги наши,
Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност на Македонија, на 11 и 12 август пристигнува и во Битола и Велес, и тоа:
11 август – Битола, Плато на Офицерски дом
12 август – Велес, Парк пред Општина Велес
Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.
Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.
Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а веднаш потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август).
Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.
Се гледаме на „Силно светнал ден“, за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност!
Извор: Авалон продукција

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар