Раководството на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција ги упати завршните пораки на последниот ден од предизборната кампања за Претседателските избори што ќе се одржат во недела 05.05.2019 година.
Во продолжение интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на која свое обраќање имаше Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево, Горанчо Тодоровски:
Почитувани сограѓани, браќа и сестри,
Остануваат уште неколку часа до почетокот на предизборниот молк и само еден ден до моментот кога ќе одлучиме дали сакаме да живееме во понижена и разнебитена Северна или во горда и праведна Република Македонија. Овие се избори на кои избираме помеѓу две страни. Едниот кандидат е кандидат на неостварените ветувања за 500 евра плата 100000 денари плата за докторите, на непокачените пензии, за промената на уставното име на Република Македонија и распродавање на историјата, идентитетот и културата, кандидат на сомнителните тендери и непотизмот кој ја зафати целата држава, а најмногу нашата општина. Другиот кандидат е професорката Гордана Сиљановска Давкова која се бори за право и правдина во Република Македонија. Свесни сме дека сте изложени на секакви притисоци, закани и уцени од страна на власта, но како што тие безброј пати ви ветуваа дека ќе донесат живот, а потоа ве изневерија така и вие одговорете им на свој начин и казнете ги за сите нивни неисполнети ветувања, лаги и манипулации.
Зад параванот секој од вас го има правото слободно да избере за кој од кандидатите ќе го даде својот глас.
Македонија е на нозе!
Македонија е разбудена, Македонија победува!
Ајде сите заедно, на 5ти мај да излеземе масовно и да дадеме и ние наш придонес кон победатаа.
Да ја поразиме оваа хунта која и’ нанесува само зло на Македонија
На 5ти мај да гласаме за број 2 за професорката Гордана Сиљановска Давкова и да им кажеме збогум на политиките на оваа влада.
Да живее Република Македонија, да сте ми живи и здрави,
Ви благодарам


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија