БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Краток осврт кон македонското (не)право

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Големите држави се повикуваат на својата сила, малите на правото. И додека големите ја делат моќта, особено онаа економската, малата Македонија ја изгубила смислата за право. И така незаштитена, кревка, не може да се повика ни на сила, ни на право.

Јустинијан створил систем на право кое е нераскинливо повразно со правичноста. Во денешниот македонски modus vivendi, избришан е Јустинијановиот концепт. Парадоксално, постои некое квази право т.н. soft law, или попрецизно, озаконето неправо. „Правото во Македонија е романтично“, чест опис на фактичката состојба. Како сакаш, така толкувај. Измени му ја суштината, занемари ја целисходноста. Постои ли на хартија? Значи „го има“.

Последниов период актуелно е правото на самоопределување. Неприкосновено, загарантирано, основно човеково право. Ама во македонската реалност, нешто е труло околу него. Нашите граѓани се самоопределуваат неколку пати… Повлекува оваа jus cogens норма и бришење на глаголи, и еден отсликан моментум во преамбула, сега избледел. Нов ли ќе се отсликува? Разнишан или бетониран идентитет?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Да се спомене и Поглавјето 23, се отворила Пандорината кутија. Реформи, реформи, правосудството е гладно за нив. Делење на правда, ама нашава Јустиција е без превез на очите, така велат извештаите од мониторинг процесот. Тоа фамозно Поглавје 23, во дадениов момент дамка за „совршениот просперитет“.

И тука ќе прашам: Европската Унија на ваков ли начин ќе ни ги отвори вратите?

Евроинтеграцискиот процес бара работа, умешност, труд. Фактички реформи и егзактно наместо романтично право. Внатрешна политика која нема само да го афирмира правото на хартија, туку ќе ја потенцира неговата гаранција. Мудра дипломатија, не дипломатска игра со националните интереси.

„Владимир:      Утре ќе се обесиме. Ако Годо не дојде.

 Естрагон:       А ако дојде?

 Владимир:      Ќе бидеме спасени.“

Уште колку ќе го чекаме Годо да не спаси? Или полесно е бесењето секој ден?

Ако владеење на правото во Македонија е заедничка цел, тогаш да се обединиме околу целта и чекор по чекор да ја оствариме. Како за почеток, да го доближиме правото до правичноста.

Пишува: Христина Трајкоска

Креирано од:


Пренеси го гласот