Во Република Македонија, како прво, мора што поскоро да падни владата. Тоа, според мене, е можно на два начини: еден брз и еден спор.
Брзиот начин е со бојкот на изборите, бојкот на институциите, бојкот на школите, бојкот на се што е околу нас. Никој да не плаќа сметки, никој да не плаќа данок, да не оди на работа, да не оди на школо и тн., а така гарантирано владата паѓа за еден месец.
Спор начин е со масовно гласање за Гордана Сиљановска Давкова, со што јасно ќе се даде дознание на владата дека нивните политики повеќе не се посакувани од Македонскиот народ, а со тоа ќе се оди на предвремени парламентарни избори и така ќе се дојди до конечен пад на СДС од власт.
За остварување на двете варијанти потребно е Македонско единство, без тоа се е залудно, ние можиме и до утре да ги спротивставуваме ставовите и да мудруваме зошто треба да се гласа и зошто треба да се бојкотира и на крајот сите ќе бидиме во право, а Македонија и понатаму ќе ја немаме, што би дошло од прилика “Операцијата успешна, а пациентот мртов”, а тоа според логиката и не е нешто кој знај колку успешна операција.
За успешен Бојкот ни требаат 1.1 милион гласачи, ни требаат 300.000 во истиот момент да престанат да плаѓаат сметки, да престанат да одат на работа, да престанат да плаќаат данок и ни требаат 100.000 луѓе на улица. Тој шо ќе ми речи дека ова во овој момент под вакви околности е изводливо, јас ќе го частам до крајот на животот кафе на Широк Сокак. А без ова, со делимичен бојкот, односно само со бојкот на изборите ништо нема да постигниме, што и да се случи СДС ќе има корист и предност.
За победа на Сиљановска ни требаат 550.000 гласа и продолжување на борбата за Република Македонија со одземање на силата од рацете на Заев иако претседателските ингеренции се многу мали, но тоа ќе значи еден пресврт во Македонија и целата ситуација во која сме затекнати. Победа на Сиљановска ќе доведе до потреба од предвремени парламентарни избори.
Со предвремените избори на кои ќе падни владата, ќе се влези во системот на северната творевина, како што тие влегоа во системот на нашата Република Македонија. Откако ќе влезиме во системот на северна, ќе се воспостави вистинско владеење на правото, растеретен од притисоци Уставен суд и поставување на еден независен Јавен обвинител кој треба да биди во стилот на Фалконе и со еден обратен процес од поништувањето на Република Македонија, ќе ја поништиме Северна. Имено, договорот од Нивици веќе е признат во меѓународни рамки, отфрлањето на истиот ќе значи толку силно ембарго кое во ваква економска ситуација, со вакви економски параметри, со второ место во Европа по необработено земјоделско земјиште нема да го издржиме ни 5 дена. Но доколку, со влегувањето во системот на северната творевина и со обратниот процес, што значи, јакнење на северната творевина на економски, инфраструктурно, земјоделски, на туристички план, јакнење на духовен план, јакнење на образованието, јакнење на дипломатијата поништувањето на северна и ембаргото кое ќе следи после тоа ќе го дочекаме спремни и ќе си ја вратиме заробената татковина назад.
Со гласање на изборите не се легитимира и не се легализира предавството, бидејќи такво нешто не е возможно. Ако тоа беше возможно тогаш ние одамна ја имаме легализирано северната творевина со тоа што ги користиме институциите на северна, со тоа што примаме плати во северна, со тоа што плаќаме сметки во северна, со тоа што плаќаме данок,патарини, фирмарини и други давачки кон северна. Легитимирање и легализирање на северна не е возможно, кога тогаш таа ќе ја нема.
Знам дека реалната слика е малку потешка од пишувањето во коментар бојкот и не излегување на наредните избори, ама друг избор сега во овој момент немаме. Мора на наредните претседателски избори да победи Гордана Сиљановска Давкова. Во спротивно Стево Пендаровски е Сидро кое ќе не повлечи уште подлабоко, бидејќи со сидро напред не се оди.
До изборите нема уште многу, размислувајте ако воопшто ве интересира, а ако не, ич да не се секирате, Македонија пак ќе биде наша најмила.
Пишува: Виктор А.К.А. Башлак
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Силен финансиски импут за локалните самоуправи како никогаш до сега! Дали ЕЛС имаат капацитет со овие пари да обезбедат соодветен одржлив развој на локалните заедници?
Канцерот во Македонското мочуриште што со децении не дозволува народот да види бело видело
СДСМ преку Трендафилов со наметнување на минимална плата од 500 евра на стопанството, сакаат да ја урнисаат државата