БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прес на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани: Повик до сите граѓани на општината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На прес конференција од Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Кочани денеска упатија повик до сите членови, симпатизери и сограѓани за МИТИНГОТ кој ќе се одржи во градскиот парк во Кочани во четврток во 20:30ч.

Истата ја пренесуваме интегрално во продолжение:

“Почитувани членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, почитувани сограѓани и медиуми!
Власта не го запира походот кон бездната!
За колку пари нè задолжи владата на Заев? Колку нови вработувања имаше во јавниот сектор? Колку капитални проекти останаа нереализирани? Колку ветувања не исполни власта? Колку понижување донесе договорот од Преспа? Колку луѓе беа повикани во полиција за слободно искажана мисла? Колку отказни решенијаи прераспределувања за неистомисленици?
Одиме кон пропаст и како земја и како народ!
Статистиките покажуваат дека состојбите во земјава драматично се влошиле – од насилства на улица, пожари во шумите и депониите, загаден воздух, бришење на се што е македонско па се додеградирано јавно здравство, и до најави за затворање на болницата во Кочани.
Власта настапува дрско а покажува решителност само кога се работи за нов мандат, за нова партиска победа на власта, викаат“напред“ ама нивниот повик е “НАПРЕД“ кон бездна!
Почитувани, на Македонија и треба надеж, таа надеж се вика “Правда за Македонија“. Дојде тоа време кога цврста жена како Гордана Силјановска Давкова ќе стави крај секојдневното разградување на Македонија на секој план.
Добри луѓе, браќа и сестри, татковината ве повикува на патот кон победата, на патот кон подобро утре и достоинствен живот! Ве повикуваме на голем народен митинг-овде во градскиот парк во Кочани на 04 април ден четврток, во 20:30ч
Ајде од Македонија да направиме достоинствено и честито место за живеење.
За тоа треба заедно да работиме, заедно да веруваме, и да се подржуваме.
Подоброто утре и достоинствениот живот следуваат за оние кои не потклекнуваат и знаат да се изборат за она во што веруваат! Не потклекнуваат добрите, мотивираните и храбрите луѓе! Тие се луѓето кои победуваат!
Уште еднаш-парк на револуцијата на 04 април т.е. утре во 20:30ч!
За Македонија, за правда, за проф.Гордана Силјановска Давкова, за нас, за подобро утре!
Ви благодарам,
Миле Лефков
Претседател на
ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот