БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

НВО “КХАМ” Делчево со своја забележителна презентација на меѓународен симпозиум во Австрија

Пренеси го гласот

Во периодот од 24-31 Март 2019 година во Салцбург се одржа Меѓународен Симпозиум на тема ,,Ромско Здравје“ на кое учество зедоа Здравствени професионалци, Истражувачи и Граѓански активисти од повеќе од 30 држави.

Целта на Симпозиумот беше да се дојде до реални податоци за состојбата на Ромите во Европа во однос на остварувањето на правото на здравје, проценка на здравствениот билтен но и промоција на добри практики во унапредување на правото на здравје.

НВО ,,КХАМ“ Делчево беше претставена од страна на програмскиот координатор во организацијата г-дин Зоран Биковски преку своја презентација. Во своето излагање Биковски укажа за важноста на вклученоста на заедницата во процесот на прибирање на податоци како и за валидноста на истите како предуслов за квалитетот на истражувањето. Токму НВО ,,КХАМ“ преку методологијата ,,Социјална отчетност и Правно зајакнување“ претставува позитивен пример за креирање на валидна дата база на податоци која истата и се користи како алатка во процесот на застапување. Ваквиот пристап беше поздравен од останатите учесници и привлече најголемо внимание на Симпозиумот.

Заедно со партнерските организации во Македонија и Техничката подршка ЕСЕ, НВО ,,КХАМ“ Делчево е носител на промените и унапредување на пристапот на Ромите при остварувањето на правото на здравје и правото на здравствена и социјална заштита.

Креирано од:


Пренеси го гласот