БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Чоколаден чизкејк готов за 20 минути

Пренеси го гласот

Потребни состојки: За основата:

– 150 грама бисквити

– 100 грама путер

– 2 лажици какао

За кремот:

– 300 грама чоколадо за готвење

– 500 грама маскарпоне

– 200 грама шеќер во прав

– 250 милилитри шлаг пена

Стопете го путерот и искршете ги бисквитите на ситни парчиња (можете и да ги смелите за да добиете ситен прав), па ставете ги во него. Обложете калап за торта со хартија за печење, па сипете ја основата од бисквитите и путерот.

Подгответе ја шлаг пената според упатствата на пакувањето, додајте ѝ го маскарпонето, шеќерот во прав и растопеното чоколадо за готвење (внимавајте да не биде претопло, потребно е да биде само малку млако).

Мешајте додека не добиете мазна смеса и потоа прелијте ја на основата со бисквитите. Прекријте го калапот со нешто, а потоа ставете го во фрижидер.

Оставете ја тортата да отстои неколку часови за целосно да се олади.

Креирано од:


Пренеси го гласот