В четврток, на 13 април, со почеток во 10:45 ч., во Градскиот парк, основните и средните училишта од Кочани, под мотото „Сподели радост“, со пригодна претпразнична програма и Велигденски базар ќе дадат придонес во одбележувањето на најголемиот христијански празник – Велигден.
На Велигденскиот базар учениците од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“ ќе наменат за продажба свои изработки, а собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за збогатување на програмските содржини од овогодишниот Велигденски хепенинг.
Огромен придонес во одбележувањето на Велигден годинава дадоа учениците и менторите од машинската струка од СОУ „Гошо Викентиев“, кои го изработија најголемото велигденско јајце во Македонија, поставено во Градскиот парк.
Свој придонес во збогатувањето на велигденската програма ќе дадат: Приватната детска градинка „Амичи“, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“, ОМУ „Ристо Јуруков“, СОУ „Љупчо Сантов“, ОУ „Крсте Петков Мисирков“, „Раде Кратовче“ и „Малина Попиванова“, кои ќе настапат на платото пред Центарот за култура „Бели мугри“.
Програмата ќе трае до 14 часот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол