“Денеска, 80 години по ослободувањето на Аушвиц-Биркенау, стојам на ова место каде што страдањето и злото оставија неизбришливи лузни на човештвото.
Чувствувам длабока тага за милионите мажи, жени и деца чии невини животи беа ѕверски прекинати токму тука – во најголемиот и најужасниот логор на смртта.
Нивните приказни, нивните гласови и нивните страдања не смеат НИКОГАШ ДА БИДАТ ЗАБОРАВЕНИ.
Овие ѕидови на смртта, меѓу кои сѐ уште се чувствува огромна тежина, мрак и траор, нѐ потсетуваат на нашата колективна обврска – НИКОГАШ ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ вакво зло повторно да биде испишано во човековата историја.
Заедно со преживеаните од овој логор, се помоливме и запаливме свеќи во чест на сите жртви на холокаустот, со надеж дека преку сеќавање и почитување на историските факти ќе продолжиме да градиме свет ослободен од дискриминација, насилство и омраза.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп