Министерката за образование и наука Весна Јаневска која само пред неколку денови имаше своја средба со професори од Филозофскиот факултет во јавноста јасно и гласно ги демантираше наводите на определени професори од филозофскиот факултет кои најверојатно поради нивната неинформираност го кренаа гласот во јавноста против укинување на филозофскиот корпус на предмети.
„Не е точно, ниту филозофија, ниту логика се исклучени. Но, како и да е, ова е драфт верзија поставена на јавна расправа. Сега прибираме сугестии, забелешки, предлози и откако ќе заврши јавната расправа ќе донесеме дефинитивен заклучок. Пред два дена бев на Филозофски факултет, имав средба со професорите од Филозофскиот факултет, разговаравме многу конструктивно. Очекувам и нивна поддршка, затоа што ги сослушавме и ќе постапуваме по заеднички препораки, но првенствено во корист на учениците“,
-соопшти Министерката Јаневска која што макотрпно секојдневно ги прибира со нејзиниот тим во министерството сеите предлози и идеи кои што треба да бидат инкорпорирани во процесот на актуелните реформи на средното образование.
Промените и реформите во средното образование и тоа како се потребни со оглед на некомпатибилноста на постојниот образовен процес со реалните пазари на труд во државата во сите сфери на работа чии што компетенции зависат токму од самото образование.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
(ВИДЕО) Д-р Штерјова Марковска: „ДА“ за органодарителство е чин на најголемо човекољубие
17 возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило
Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово