Дека Македонија не е единствената земја полна со парадокси на дело докажува Американскиот претседател Џо Бајден.
Тој вчера се придружи на организиран протест и со мегафон во рака извикуваше
“Вол Стрит не ја изгради оваа земја, средната класа ја изгради оваа земја! И синдикатите ја изградија средната класа. Тоа е факт. Затоа да продолжиме. Заслужувате тоа што сте го заработиле а заслужувате многу повеќе од тоа што заработувате!”
Американскиот претседател е најодговорната политичка фигура во САД под чиј што домен на работа и влијание се и економските политики кои што се рефлектираат врз животниот стандард и приходите на американците. Со ваквиот чин на протест на американскиот претседател кој што ги има сите инструменти на располагање да ја подобри економската клима во земјата а со тоа и приходите на американците, тој всушност протестира сам против себе- пракса која што многупати можеше да ја забележиме во минатото во Македонија кога владини функционери се придружуваа на протест на одредена таргет група само и само да остварат некој политички поен за себе, без притоа да кажат во јавност дека самите тие се одговорни за состојбите во кои се наоѓа таа таргет група. Протестот на Бајден нема да ги покачи платите на американците! Но сигурно дека платите на американците можат да се зголемат ако тие гласаат за способни политичари во иднина кои што знаат и можат да им го подобрат економскиот стандард преку одржливи економски политики.
Погледнете го видеото на @POTUS пренесено преку социјалната мрежа X:
UAW members, your president stands with you. pic.twitter.com/nD9Bc0NGDi
— President Biden (@POTUS) September 26, 2023
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кина е подготвена за војна со САД
Вака Доналд Трамп ја потпиша наредбата која забранува мажи да се натпреваруваат во женски спортови
Социјалната мрежа Rumble на Крис Павловски како и X на Елон маск биле таргет за цензура и супресија од страна на медиуми финансирани од УСАИД