Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, по повод Денот на независноста, во свое лично име и во име на Судот, упатува искрени честитки до сите граѓани:
Почитувани сограѓани
Вековниот стремеж за самостојна, независна, суверена и демократска Македонија стана стварност на 8 септември 1991 година. Граѓаните на тој ден запишаа историја! Историја на која треба да сме горди и која треба да ја славиме. Но, тој ден истовремено и ги задолжи сите сегашни и идни генерации, не само да негуваат почит и благодарност кон нашите предци, туку со истата решителност, љубов и одговорност да ја сакаат татковината и да се вложат во нејзиниот просперитет.
Денес вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава. Денес, чин на врвен патриотизам претставува вистинската посветеност на владеењето на правото!
Да ни е честит Денот на независноста – 8 Септември!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар