По магичните вечери во Охрид, Делчево и Штип, каде што илјадници гласови пееја како еден, музичкиот караван Македонијо, во срце те носиме пристигнува во Струмица! Дружбата со струмичката публика е закажана во среда (10 септември) со почеток во 20:00 часот.
Ова не е само концерт – ова е празник на македонската душа, на љубовта кон татковината, на гордоста што сме дел од народ со вековна историја и песна што живее во секој еден од нас – затоа да ја славиме нашата култура, да ја покажеме емоцијата и заедно да ја пееме Македонија! Да запееме со Наум Петрески, Зуица Лазова, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажевзатоа што песната не знае за поделби, таа зближува, лекува и обединува.
-Во Охрид, Делчево и Штип пеевме со срце, сега е време Струмица да одекне. Време е да запееме сите, гласно, гордо… Време е Македонија да ја обоиме со најубавите звуци!, велат организаторите Скендеровски продукција.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Агаи: Кога еден живот завршува, друг може да добие нов почеток
Промовирано ново институционално лого на Јавното обвинителство
КОНЦЕРТ НА ПИЈАНО ДУОТО ЏОРЛЕВА-МИХАЈЛОВСКИ ВО ВРШАЦ, Р. СРБИЈА