Вчера (27.11.) од полициски службеници за превенција од Одделението за внатрешни работи Делчево беше спроведена превентивна едукативна активност реализирана во селото Очипала, делчевско, како и во Делчево, на тема посветена на сообраќајната безбедност, а под мотото – “Биди подготвен за безбедно патување во зима“.
Притоа, на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина за важноста на законската обврска за поседување и за носење зимска опрема во возилата, како од аспект на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот, така и од аспект на законските норми кои што предвидуваат санкции за неносење или некористење на зимска опрема во возилата.
Извор: МВР

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист