“Само да ве поздравам”!
Вака некако би изгледал и звучел поздравот на Али Ахмети- актуелниот неформален владетел во Македонија. Псе Јо во неговата најжестока форма.
Кој е најзаслужен за ваквата состојба?
Па се разбира самите Вие. Да! Вие што скришно го читате овој текст и сте усрани до гаќи да се обидете да ја промените оваа карикатурална реалност. Абе знам дека баш сега си велите “ќути може и полошо” и веројатно сте во право.
Такви какви што сте, секогаш може и полошо!
И со ништо не заслуживте ништо подобро….
А толку многу се клештевте, деревте и верувавте дека ќе има воздух за сите, дека криминалците ќе лежат во затвор а животот ќе дојде во неговата најубава форма.
Многумина од вас-таквите и ден денес се смеат обидувајки се да си ја релативизираат сопствената историска улога во устоличувањето на можеби најбандитската власт во државата! И наместо да се погледнете во огледало и да го вперите погледот во виновникот за ова наше распатје на пропаста продолжувате да изигравате кловнови во сопствената бурлеска на која ни самите не можете да се насмеете…
И како ноеви со глава во песок вртите поглед настрана како тоа лично никој вас не ве прашал, а ако ве прашал ќе сте се спротивставеле на она што некој друг замислил како треба да изгледа нашата заедничка иднина.
Вистината е дека сте прашани секој момент кога го заокружувате гласачкото ливче зад параванот…
Наместо дефинирање на нови, подобри стандарди и филозофија за живот, сите заедно како држава? тонеме се подлабоко во фекалиите кое како политички ентитет ги продуцирате. Наместо градење, на сопственото Македонско огниште и дом, со горчина се помиривте со работа на некоја земјоделска плантажа по белиот свет, за туѓи бели дворови каде можете само да се сликате со нечии туѓи имоти и “убавини” и да живеете во илузија дека ете и вие сте дел од тие про-западни вредности. А реалноста е дека Македонците кои најмногу вредат во Македонија, се рестркалани како камен пред дробење за да послужат како агрегат за изградба на некој нов замок од чии ѕидини неговиот стопан ќе продолжи да моча врз ова библиско парче земја кое даде просветлителски белег за целиот свет.
Епа “мишеви” отворете ја пошироко устата и голтајте како што препорача еден западен политичар неодамна.
Изборот е секогаш во вашите раце. Прашањето е дали ќе изберете лингури или работници, бандити или домаќини, Македонци или анти-Македонци!
Веројатно СДС со нивните подопашници во т.н. македонски блок кој со сите сили работи да не остане ни М од Македонија има големи предиспозиции да направи коалиција за да формира и некоја наредна влада… И гледајки ја поданичката, ропска и крајно компромитирана структура на гласачки потенцијал во државата ова сценарио и не е далеку од реализација и во иднина.
Но имајте предвид дека се уште има небрусен Македонски потенцијал во Македонија и борбата за Македонија никогаш не престанува.
Епа еве ви предизвик, па да видиме кој ќе победи пред историјата бе “мишеви”!
Пишува: Кирчо Анастасов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
За потребата од вистинска иновација на идеите, процесите и нивната креативна материјализација наспроти ефектите на нивна комерцијализација
Штетничката влада на СДСМ и ДУИ донела противуставен закон кој во критичен момент ја поништува октроираното судство за да се продлабочи кризата во предизборна година
Мимоза Рајл: Членовите на опозицискиот Институт за филозофија кои ги познавам се или симпатизери или членови на СДСМ