Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес конференција од Владата на Република Македонија ја презентираше новата Стратегија за сајбер безбедност 2025-2028.
Подготовката на овој документ е особено важен во пресрет на сите можни безбедносни закани кои што се рефлектираат и во МАкедонија во ера на глобална дигитална комуникација.
” Денес е важен ден за дигиталната иднина на Македонија! Во рамки на нашата посветеност кон развојот на безбедна и одржлива дигитална инфраструктура, ја презентиравме Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028. Целта е да изградиме флексибилен и сигурен дигитален екосистем кој ќе ги заштити нашите граѓани, компании и институции.
Со новата стратегија се фокусираме на клучни приоритети: зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност, заштита на критичните инфраструктури и системи, како и зголемување на јавната свест за безбедност во интернет просторот. Ова е стратегија која не само што реагира на постоечките закани, туку и создава темели за безбедна и стабилна дигитална иднина.
Повикувам сите засегнати чинители, граѓани, компании и институции да се вклучат во коментарите и дополнувањата на нацрт Законот за сајбер безбедност. Заедно, ќе изградиме поотпорна и конкурентна Македонија!”
-напиша на социјалните мрежи Министерот Андоновски во врска со овој настан.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за Ноќно искачување на “Ѕвезден Врв“ – Беласица
Скопје на 9 и 10 јуни пулсира во ритамот на Урбан Фест – два дена македонска музика и енергија во Градски парк
Досега најопфатен Оперативен план за претприемништво и вработување на АВРМ: Над 40 мил денари за раст на економското портфолио на стопанството и граѓаните