Во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција од штабот на СДСМ потпретседателот Методија Илиевски ја окарактеризира најавата за набавка на нов владин авион од страна на Владата.
Во своето интервју во емисијата “360 степени” која се емитува на програмата на јавниот сервис на МРТ Директорот на СОЗР Ивица Томовски дискутираше за потребата за набавка на нов владин авион со оглед на трошоците кои што ги прави државата за патувања во странство, но и времето кое што се губи во однос на тие патувања. Според Томовски безбедноста за патување с постојниот авион кој е на располагање во владата е многу мала поради фрекфентниот број на поправки и дефекти кои се случуваат.
Од СДСМ најавија дека ќе се спротивстават на најавата за набавка на нов владин авион.
“Скандалозна и најблаго речено забегана е најавата на директорот на СОЗР дека власта сака да купува нов авион за владините фукцинери додека нема пари за плати за работниците, за поголема минимална плата, а гледаме дека нема ниту лекови.
Власта е одлепена од реалноста, луѓето не можат да врзат крај со крај, се мачат со секојдневните поскапувања и високи трошоци за живот, платите стагнираат, додека власта се лукзузира.
Најавата пак дека се размислувало и демек за половен авион е навреда на интелегнцијата на луѓето, станува збор за милионски бизнис зделки.
СДСМ е против и ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ.”
-рече во одговор на новинарско прашање потпретседателот на СДСМ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност