БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прилеп по трет пат ќе биде домаќин на меѓународното рели „Macedonian Trophy 4×4“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Рели со над 300 учесници возачи на џипови од неколку земји учествуваа во 4 часовна ноќна трка долга 25 км, во Прилеп. Меѓународниот натпревар „Macedonian Trophy 4×4“, се одржува во организација на клубот за екстремни спортови “Оф роуд Прилеп”.

„’Macedonian Trophy 4×4’ по трет пат го одржуваме во нашиот град. Ова е настан од единствен карактер од ваков вид во РМ, а оваа година новитет е што се вози 3 дена, од кои денешниот ден е резервиран за ноќната етапа. Стартот е предвиден да биде околу 19 часот. Се вози по патна книга, предвидено време за завршување на ноќната етапа е 4 часа. Во саботата стартот е предвиден кај Лагово, околу 10 часот, кога учесниците ќе поминат траса долга околу 60 километри и која исто така се вози по патна книга. Во тие 60 километри имаат околу 7-8 специјали, кои мора да ги поминат во најбрз временски период. Во неделата пак, е предвидено да се вози затворената траса и ќе се вози на полигонот за екстремни спортови ‘Старо Лагово’.

– изјави Панчо Чупаркоски, организатор на настанот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Јас доаѓам по втор пат овде, тука бев пред две години. Минатата не бев, но еве сега повторно сме тука, супер домакини сте, стазите се оригинални и само пофални зборови за организаторот“

– изјави Бранислав Батак од Србија.

„По втор пат сум тука и сум навистина сум радосен поради тоа. Премногу сме задоволни, многу е добро организиран настанот“

– изјави Ване Ефремов од Бугарија.

Креирано од:


Пренеси го гласот