Денеска во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања, по вчерашната одлука на Собранието на Република Северна Македонија, со што Беким Сали ја презеде должноста од досегашниот министер Орхан Муртезани.
На средбата во рамки на примопредавањето беше направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда. Орхан Муртезани му посака успешен мандат на својот наследник, додека новиот министер за европски прашања, Беким Сали, ја нагласи својата определба за продолжување на реформските процеси и натамошно унапредување на европскиот пат на Република Северна Македонија


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта