На 27.04.2025 во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило ,,хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час. Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Приведен возач од Тетово, управувал возило со брзина од 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ посветена на Гоце Делчев
Николоски: Самопрогласени „синдикални лидери“ шират лаги за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар