БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Привршува изградбата на дел од атмосферска канализација во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Приврушуваат изведбените работи за изградба на крак за атмосферска канализација по дел од улица “Македонска” во населбата Милково брдо. Оваа нова линија ќе придонесе кон надминување на неповолната постоечка ситуација на голем број проблеми за жителите, кои произлегуваа во минатото од постоењето на атмосферските води во исклучително лоши почвени услови за целата населба.
Од општина Делчево најавуваат дека по изградбата на атмосферската канализациja ќе се премине на реконструкција на самата улица. Со тоа жителите кои гравитираат кон овој дел на населбата ќе добијат нова сообраќајница целосно реконструирана со тротоар.

Од општината апелираат на разбирање и трпение од страна на граѓаните додека се извршуваат предвидените градежни работи, бидејќи станува збор за ископи на длабоки ровови ко можат да ја загрозат безбедноста при недозволените минувања на пешаци.

Креирано од:


Пренеси го гласот