Професорката Гордана Силјановска Давкова попладнево преку социјалните мрежи упати своја најдлабока благодарност за огромниот број на граѓани кои што денеска излегоа и се потпишаа зад нејзиното име во битката за остварување на големите промени кои следуваат.
“Голема благодарност за поддршката! Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени.
Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата.”
-соопшти кандидатката за Претседател на Република Македонија на обединетата опозиција против актуелната ненародна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова преку социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија