Ако се држите до Кодексот за фер и демократски избори од аспект на петта алинеја кога се работи за кандидати со висок статус во државата, проблем е што тие тој статус можат да го (зло)употребат бидејќи одлучуваат за многу прашања врзани за, не само за вработени од нив и кај нив, туку и за (зло)употребата на државните ресурси. Во таа насока има многу демократски држави во рамките на самите државни изборни комисии, кои многу често се професионални институции, има едно посебни тело кое ги следи изборите низ призма на однесувањето на кандидатите и тоа го нотира во извештајот.
Ниту минатиот пат ниту сега нема да посегам по ad hominem однос, ќе говорам со аргументи за програмата и ќе ги почитувам сите кандидати, а посебно противкандидатката. Добро е што сме две, зашто тоа е веќе исчекор и гаранција за ноторниот факт дека и женските права се човекови права и дека се разбира, жените исто така може да се натпреваруваат за високи државни позиции.
-напиша на социјалните мрежи кандидатката за претседател на Република Македонија Проф Д-р Гордана Силјановска Давкова

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово