БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Промена на водовод и канализација па асфалтирање. ЕЛС Штип со максимална оптимализација ги реализира проектите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Квалитетната услуга на општинските власти предводени од Градоначалникот Иван Јорданов во Штип добива своја конкретна манифестација во рамки на реалиацијата на зацртаните проекти.

Деновиве одкако претходно целосно беше извршена промена на старите и дотраени водоводни и канализациони цевки на повеќе улици, започнаа подготвителните работи за асфалтирање на самите коловози на овие улици.

На ваков начин локалните власти вршат целосна оптимализација на буџетските сретства на самите граѓани и нивно оптимално искористување во реализација на предвидените проекти од инфраструктурен карактер.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Наспроти некогашната пракса за раскопување на улици и тротоари пред избори, градоначалникот Јорданов со внимателно планирање успева да ги реализира проектите кои што во значителна мера ќе го подобрат квалитетот за живот на штипјани.

“За прв пат во Штип етапно се изврши промена на водоводна и канализациона подземна мрежа на ул. “Солидарност”, “Браќа Даневи” и “5ти Конгрес”, па од денес се започна со припрема за асфалтирање.

Откако ќе се истрасираат и подготват сите три улици, ќе се пристапи кон нанесување на првиот асфалтен слој во согласност со временските услови.

Со завршување на овој проект го исполнуваме даденото ветување дека секоја населба ќе добие модерен, функционален и урбанизиран изглед.”

-ја информираше денеска јавноста градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

Креирано од:


Пренеси го гласот