На денешната прес конференција на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од партиското седиште тој говореше за финансиските аспекти и сомнежите за противзаконски дејанија во врска со поскапувањето на струјата за граѓаните.
На новинарско прашање во врска со идното делување на партијата во парламентот Мицкоски соопшти дека прво нешто што ќе го направат независно дали ќе формираат влада или ќе бидат опозиција е дека ќе предложат нов закон за испитување на потеклото на имотот на сите сегашни но и минати политичари кои биле на високи општествени функции во институциите на државата.
Новинарско прашање: Господине Мицкоски, без оглед на тоа кој ќе ја состави идната влада, кој ќе биде првиот чекор на ВМРО-ДПМНЕ, што вие ќе преземете?
Одговор: Да, без оглед на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи како владејачка партија или партија која што ќе биде опозиција во парламентот, првиот чекор го размислувавме и се уште стоиме на ставот и тоа ќе биде чекорот кој што ВМРО-ДПМНЕ ќе го преземе во парламентот а тоа е да предложи закон за испитување на потеклото на имот на сите оние лица кои што се бават со политика и во минатото извршувале високи политички функции, нивниот имот и потекло на имотот на нивните семејства, тоа го зборувавме и за време на изборната кампања, вчера го слушнавме и од господинот Зоран Заев дека тоа ќе го подржи, така што очекуваме голема поддршка во рамките на парламентот од другите парламентарни партии,
-одговори Христијан Мицкоски.
Во продолжение погледнете ја во целост неговата прес конференција во која тој одговори и на повеќе други новинарски прашања.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“