БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Рехабилитација на патот за Разловци е втора по големина инвестиција во патна делница во Делчево после регионалниот пат за Голак

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Деновиве се одвиваат градежни работи за рехабилитација на асфалтната површина на регионалниот пат Р2346 кој што е на релација село Тработивиште- село Разловци со што значително ќе се подобрат сообраќајните услови за жителите кои што гравитираат по овој патен правец.

Изведувач и инвеститор на градежните работи се екипи од Јавното Претпријатие за државни патишта во вкупен износ од околу 50 милиони денари а според расположивите информации ќе се санираат 10-тина километри.

Со оваа рехабилитација на коловозната површина ќе се зголеми безбедноста на оваа патна делница во Делчево, но остануваат проблемите со природните водотеци кои што се вкрстуваат со овој регионален пат а чие што влијание создава проблеми со поплави и наноси на повеќе места на патот. Дополнително ваквите нерешени критични точки овозможуваат измивање на планумот на патот со што со тек на време се нарушува носивоста на асфалтниот слој кој забрзано пропаѓа под надворешните влијанија. Проблем при ваквата брзоплета рехабилитација на асфалтот на патот претставуваат и недефинираните и неисчистени земјени каналетки кои што служат да ги одведат атмосферските води без да предизвикаат оштетувања на коловозот. Во некоја идна состојба надлежните власти би требало посуштински да се занимаваат со ваквите проблеми кои што се однесуваат на експлоатациониот век на самиот пат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Инаку оваа инвестиција од 50 милиони денари која што ја инвестира Јавното претпријатие за државни патишта е втора по големина во еден патен правец после инвестицијата во реконструкцијата на регионалниот пат Делчево Голак која што се случи во 2014-2016 година во Делчево а која изнесуваше околу 90 милиони денари.

Делчево во наредниот период ќе има потреба од уште вакви инвестиции во патната инфраструктура со оглед на лошата состојба на одредени патни правци кон селата и сообраќајници во градот Делчево.

Фото извор: Општина Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace