БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Рекреативна велосипедска тура „75 Години Слободна Виница“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Рекреативна велосипедска тура по повод 30 август „75 години слободна Виница“ веќе е подготвена. На 31 август со почеток од 09:00  часот, со стартна позиција од Градскиот стадион во Виница, ќе стартува средно тешката тура со должина од 40км 600D+ на релација Виница – Калиманско поле – Виница поминувајки преку Јакимово, Црн Камен, Грлани и Драгобраште, со уникатни погледи кон виничка котлина и падините на Плачковица.

Попатно е организирано да следи возило со логистичка поддршка и потреба од освежување. Учеството е бесплатно и во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед.

Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед и пожелно е кацига. Облека според најавените временски услови и шише за вода,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности. Настанот е подржан од општина Виница. На крајот од турата е обезбеден оброк за секој од учесниците.

Креирано од:


Пренеси го гласот