БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Револтот на делчевчани расте: Втор протест со автомобили против Заев во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

После масовниот протес на кој се побара оставка од Зоран Заев од премиерската функција кој што се одржа во средата во Делчево, за денеска повторно е најавен втор протест со автомобили во градот кој го носи името на Гоце Делчев.

Почетокот на протестниот караван со автомобили е закажан за 18.00 часот на паркингот пред градскиот стадион “Гоце Делчев”.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево кој што е организатор на овој протест ги повика делчевчани без разлика на нивната партиска определба да се приклучат на протестниот караван со што на Заев ќе му се упати силна порака да не го распродава Македонскиот идентитет преку одрекување од историската генеза на Македонскиот современ литературен јазик како и идентитетот на Гоце Делчеев и плејадата иолинденци врз чие што дело почива самобитноста на современата Македонска национална држава.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Трпението на делчевските граѓани е при крај.
Оставка сега Зоране Заев!!!
Не смееш да продаваш нешто што не е твое!
Во петок 04.12.2020 година делчевчани со своите автомобили повторно ќе ти го покажат твоето место во историјата.
Зборно место на паркинг пред Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Делчево, со почеток во 18.00 часот.
Понесете знамиња, транспаренти, понесете љубов за Македонија и да ја истераме горчината од нашите срца.
Протест кога ако не сега!? За да не биде доцна за нашиот Гоце, нашиот Илинден, Македонскиот јазик, Македонскиот идентитет.
Неспособнните власти не можат да не заштитат од корона вирусот, затоа апелираме на користење на заштитна опрема и одржување на социјална дистанца како и придржување кон препораките за заштита од Ковит-19.”

-соопштуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот