БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

„Роде мој“ – ново музичко парче кое обединува и силно одекнува во срцето на секој Македонец

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Овде душата секогаш бара душа, овде љубовта своја песна си слуша, овде родот мој секому даде рака, ајде роде мој почни сам да се сакаш!… – дел од стиховите од новото патриотско музичко парче со наслов „Роде мој“ кое ги обедини сите учесници во проектот „Македонијо во срце те носиме“ и кое силно одекнува во срцето на секој Македонец како порака, потсетник и повик. „Роде мој“ е со потписот на маестро Николче Мицевски како автор на музиката и аранжманот и Борче Нечовски, чиј е текстот.

По премиерата на новата заедничка песна „Роде мој“, која ги обедини сите учесници во проектот, следува нова страница во оваа музичка приказна полна со љубов, гордост и патриотизам. Следува ново музичко поглавје зашто
целиот тим, предводен од Скендеровски продукција, со несебична посветеност и визија, продолжува со својата мисија – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, со песни кои не само што нѐ потсетуваат од каде доаѓаме, туку и нè обединуваат кога најмногу ни треба заедништво. Така, веќе од 26 август од Охрид, со почеток во 20 часот, тргнува и караванот во чии рамки концерти ќе се одржат во речиси сите поголеми градови во земјата, а публиката ќе има можност да ја почувствува магијата на живата изведба и да пее заедно со врвните изведувачи кои го сочинуваат овој уникатен проект.

Инаку, во рамки на продолжението на проектот „Македонијо во срце те носиме“, работен под капата на Скендеровски продукција, публиката досега ги слушна: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски), „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска) „Мајко силна“ (Александар Тарабунов) „Каде сте Македончиња (Андријана Јаневска) и Ако умрам ил загинам“ (Наум Петрески).

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Уживајте во „Роде мој“ – песна со порака, со љубов, со душа:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace