БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Рудникот “Саса” донираше 200 таблет компјутери за децата во основното и средното образование во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поддршката на менаџментот на рудникот “Саса” за граѓаните на општината Македонска Каменица продолжува да се реализира со несмален интензитет. Во услови на глобална светска криза предизвикана од пандемијата со Ковит-19, од менаџерскиот тим на рудникот кој што е еден од најголемите во државата излегоа со нова донација за младите жители на ова рударско градче во источна Македонија.

Рудникот “Саса” донираше 150 таблет компјутери за учениците во Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” како и 50 таблет компјутери за учениците во гимназијата “Миле Јаневски- Џингар”.

Ваквата донација следува по воведувањето на онлајн наставата за учениците со цел заштита од корона вирусот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“За да се обезбедат потребните услови сите ученици да ја следат онлајн наставата, рудникот САСА набави 200 нови таблет компјутери кои им се донирани на училиштата во Македонска Каменица.

Конкретно, 150 таблет компјутери се обезбедени за учениците во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, а 50 таблет компјутери се наменети за средното училиште „Миле Јаневски–Џингар“ во градот.”

-соопштуваат од ПР службата на рудникот.

„Свесни сме дека пандемијата од Ковид-19 наметна многу предизвици и потреба да го менуваме и прилагодуваме начинот на кој ги извршуваме нашите секојдневни работни обврски. Ова се особено тешки времиња за учениците, но и за нивните семејства и нивните наставници кои мораа да се прилагодат за следење на онлајн наставата, за што е неопходна соодветна ИТ опрема. Во комуникацијата која ја имавме со раководните луѓе во училиштата и општината го утврдивме начинот на кој ние како компанија можеме да помогнеме и задоволни сме што оваа донација што ја обезбедивме ќе овозможи успешно да тече образовниот процес и сите ученици да ја следат наставата“,

-вели новиот генерален директор на Рудник САСА, Скот Јеланд по повод оваа донаторска акција.

Покрај претставници од рудникот САСА, на примопредавањето на таблет компјутерите присуствуваше и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, како и директорите на основното училиште, Марина Василевска-Стојановска и на средното училиште, Круме Стојановски. Тие во името на локалната заедница, наставниците и учениците им се заблагодарија на рудникот САСА и на Централ Азија Металс за најновата донација, како и за нивната целокупна досегашна поддршка во унапредување на условите и образовниот процес во градот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace