БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сали ги пречека студентите на Колеџот на Европа на разговор за европската интеграција

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ги пречека студентите и академскиот тим на Колеџот на Европа, кампусот во Тирана, во рамки на нивната студиска посета на Северна Македонија.

На средбата се разговараше за патот на земјата кон Европската Унија, значењето на реформите и можностите што европската интеграција ги создава за граѓаните, бизнисите и младите.

Сали истакна дека членството во Европската Унија останува јасна стратешка цел и дека посветеноста на реформите продолжува и покрај политичките предизвици што влијаат врз динамиката на процесот. Тој нагласи дека реформите треба да донесат конкретни резултати за граѓаните преку посилни институции, владеење на правото и поквалитетни јавни услуги.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во таа насока, беше нагласено значењето на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда како инструменти што ги поврзуваат реформите со мерливи резултати, финансиска поддршка и можности за постепена интеграција во Единствениот пазар на ЕУ.

Средбата беше и можност за размена на мислења за регионалната соработка и улогата на младите во обликувањето на европската иднина на Западен Балкан. Студентите поставија прашања и ги споделија своите размислувања, додека претставниците на Министерството придонесоа со своето институционално искуство во процесот на европска интеграција.

Извор: Кабинет на министерот за европски прашања

Креирано од:


Пренеси го гласот