БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ Штип критикува проекти кои се во тек на реализација низ градот само поради партиската потреба за да се биде присутен во медиуми по било која цена

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од СДСМ Штип денеска го критикуваа Градоначалникот Иван Јорданов за неколку калливи улици кои што се во тек на реконструкција од страна на локалните власти. Додека локалните надлежни институции работат на реконструкција на застарената водоводна и канализациона мрежа кои што се протегаат по должина на овие предметни улици, од СДСМ Штип немајки идеи за надминување на проблемите кои што се во ингеренции на владата предводена од СДСМ, го критикуваат градоначалникот Јорданов за раскопаните улици.

Ваквата апсурдна состојба на критикување на проекти кои се во тек за градоначалникот Јорданов е неразбирлива затоа што доаѓа од страна на претставници на партија која имаше можност до пред само една година да ги решава проблемите на граѓаните.

Граѓаните кои што со децении наназад не добиле квалиттна водоводна и канализациона мрежа според Јорданов имаат право на свои забелешки, но СДСМ не може да критикуваат проекти кои што се во тек на реализација во првата година од мандатот на градоначалникот. Особено затоа што СДСМ како партија асфалтираше мал број на улици во последната 4 година од мандатот на своите функционери во пресрет на избори и тоа без да води сметка за подземната дотраена инфраструктура.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace