Со свое соопштение упатено до јавноста опозициската СДСМ ја информира јавноста за својата интензивна соработка со политички структури и организации од странство.
“Денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е домаќин на работната обука организирана во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје,а посветена на размена на идеи и искуства со сестринските прогресивни партии од регионот.
На обуката на која присуствуваа кандидатите за градоначалници на СДСМ, како и преставници од сестринските партии од регионот, беше ставен акцент на развојот на креативни политички решенија и дефинирање програмски приоритети кои ќе одговорат на реалните потреби на граѓаните, во пресрет на претстојните локални избори.
Се дискутираше за иновативни пристапи во водење на политички кампањи, унапредување на теренската комуникација и зајакнување на учеството на младите и жените во креирањето на јавни политики.
Оваа обука е особено значајна за унапредување на регионалната соработка и вмрежување, преку размена на добри практики од локално ниво меѓу прогресивните сили од земјите на Западен Балкан.
Денешниот настан, воедно е дел од континуираните напори на СДСМ за градење силни, инклузивни и локално втемелени политики, засновани на солидарност, праведност и социјална еднаквост,”
-информираа преку соопштение од страна на СДСМ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене