Граѓаните ја открија измамата со новогодишната кошничка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за профитот на трговците!
Таканаречената „новогодишната кошничка“ е нова измама на граѓаните од страна на власта. Повторно, како и со есенската кошничка, Владата свесно манипулира со граѓаните а ги штити трговците. Мицкоски намерно им остави време на трговците да ги качуваат цените, за сега, кога ќе се намалат, да нема никакво реално намалување. Нема да има намалување на цените но ќе има зголемување на профитите на грбот на граѓаните. Колку долго ќе гледаме како ВМРО-ДПМНЕ ги штити трговците и тајно договара лажни кошнички, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
Еве ги фактите.
Пред воведување на „лажната кошничка“, трговците тивко и очигледно во договор со Мицкоски ги покачија цените на основните прехранбени производи за 15-20 %, со што ударот врз домашниот буџет на граѓаните стана уште посилен. За ова секојдневно сведочат граѓаните.
Конкретно, ако ги погледнеме цените во маркетите:
Пакување од 10 јајца сега се 90 денари, а неодамна чинеа 75 денари.
До пред две недели зејтинот се продаваше за 82 денари – сега е 89 денари.
Цената на кашкавалот најмногу се зголеми и сега е околу 500 денари за килограм.
За килограм кашкавал граѓаните сега мора да платат 497 денари, а беше 429 денари. Речиси 70 денари зголемување за кило. Исто е и со многу други производи.
СДСМ има решение! Вистинска мерка којашто ќе донесе реално и долгорочно намалување на цените е предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната. Ова е мерка којашто ќе трае цела година, а ефектите граѓаните ќе ги чувствуваат реално. Доста е од лаги. Граѓаните заслужуваат чесна и одговорна власт која работи за граѓаните, а не за трговците и нивните профити!
-интегрален текст на прес конференција на СДСМ
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Перински во Аеродром: Проект за нов лик и урбанизирање на просторот позади ТЦ „Капитол“
Перински во Аеродром: Заедно со граѓаните до поголем напредок на општината од секој аспект
Министерот Тошковски денес ги посети ДПД и ТППЕ Kочани: Ќе направам сè што е во моја моќ за да ги поддржиме овие храбри луѓе