БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Обидите за дестабилизација од страна на ДУИ станаа меур од сапуница: Во среда ништо нема да се случи вели Премиерот Мицкоски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференцијата на Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски од страна на присутните новинари му беа поставени повеќе новинарска прашања од интерес на јавноста.

Едно од прашањата се однесуваше на најавите и обидот за дестабилизација на безбедносната состојба во државата што преку подгревање на меѓуетнички тензии се обидуваат да го креираат неколкумина високи функционери на ДУИ.

За Премиерот Мицкоски ДУИ намерно прави поделби и етнички тензии.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Разговараме со Вреди, ова е постапка која е тековна. Имаме ситуација не може сега никој да интервенира кај Уставниот суд, затоа што принципот како до сега заврши на 8. мај. Единствената тема со која ДУИ се присутни во јавност е да направат поделба по етничка основа, ги третираат само етничките прашања, не можат да наметнат тема ниту да привлечат луѓе кои ќе ги поддржат. Се обидоа со таа нивна зелена агенда, но не успеаја

-рече премиерот Мицкоски во својот одговор на поставеното нивинарско прашање..

– Постојат две работи: првата работа е да ги поделат граѓаните, и тоа јасно се виде од коалицијата на ВРЕДИ каде високи претставници од ДУИ се сликани со насилниците со оние кои го палеа државното знаме. И од оние информации кои располага МВР тоа го потврдува. Втората теза е дека и тие знаат добро, затоа што ДУИ 20 години поставуваа уставни судии, дури знаат дека ништо нема да се случи во среда. И сега ќе излезат во јавноста и ќе кажат еве ние правевме притисоци, затоа ништо не се случи. Во среда нема ништо да се случи, има процедури, подготвителни седници и така натаму, но тие повторно ги злоупотребуваат Албанците, Македонците и ги малтретираат со обид на поделба и со обидот да привлечат внимание. Затоа ги молам сите граѓани, да бидат спокојни. Ова е изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомневања дека постои огромен криминал, кој набрзо ќе почне да се обелоденува – порача премиерот.

Тој уверува дека без разлика колку се жилави и колку се борат, „ќе ги поразиме, и едните и другите, и слугите и овие другите“.

– Мора јавноста да ја дознае вистинската вистина, што се крие позади оваа хајка на овие политички профитери – рече Мицкоски.

Целата прес конференција може да ја погледнете во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace