Денеска на прес конференција од големата сала во Владата Премиерот Христијан Мицкоски ја информираше јавноста за успехот кој што владиниот економсми тим успеа да го постигне во изминатите 6 месеци од конституирањето на самата влада.
Премиерот Мицкоски на прес конференцијата зборуваше за растот на БДП од 3% во третото тромесечие, кој што е меѓи највисокиде од државите во ЕУ и регионот.
“Во изминатите шест месеци, Владата активно работи на надминување на затекнатата девастирана економија. Наследивме индустрија во опаѓање, неисплатени плати и јавни претпријатија во банкрот.
За пет месеци успеавме да ја стабилизираме економијата и да го зголемиме БДП. Според Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година БДП порасна за 3%, една од највисоките стапки на раст во ЕУ и регионот. Просечниот раст за првите три квартали е 2,6%, надминувајќи ги прогнозите на Светската банка од 1,8%. Очекуваме годишен раст од 3%.
Раст беше забележан во трговија, транспорт, угостителство, стручни и административни услуги. Финалната потрошувачка на домаќинствата порасна за 3,9%, а извозот за 2%.
Дополнително, странските инвестиции достигнуваат рекордно ниво од над 1 милијарда евра до крајот на годината.
Овие резултати се само почеток. Продолжуваме да работиме посветено за стабилна и успешна економија, која ќе биде водечка во регионот и Европа.”
-рече денеска на прес конференцијата Премиерот Христијан Мицкоски по што одговараше на новинарски прашања.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ