Денеска во рамки на централната манифестација за одбележување на 8 Декември- Денот на Св. Климент Охридски, Минитсрот за Култура Зоран Љутков положи букети со свео цвеќе пред споменикот на средновековниот просветител кој што живеел и творел на овие простори.
Предводејки ја владината делегација Министерот Љутков се поклони пред ликот и делото на Св. Климент Охридски пред споменикот кој се наоѓа на платото пред Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
“По повод големиот празник Свети Климент Охридски, како дел од Владината делегација положив свежо цвеќе на споменикот поставен пред Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Св. Климент се залагал за одговорно однесување кон ближните и помагал во создавањето на социјална заштита.
Овој ден е потсетник на неговата големина и на неговото духовно и етичко воздигнување на нашиот народ.
Не треба да чекаме нов Св. Климент, бидејќи тој живее во нас. Треба да го разбудиме Светиклиментовото во секој од нас и да ја пренесеме неговата мудрост на идните генерации.
Нека ни е честит празникот!”
-напиша на социјалните мрежи по повод денешниот празник Министерот за култура во Владата на Република Македонија Зоран Љутков.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава