Во емисијата “Еспресо со Златев и Боцевски” на Радио Лидер свое гостување имаше поранешната вице-гувернерка Маја Кадиевска Војновиќ.
Во емисијата се зборуваше за проблемите кои што ги предизвика пропаѓањето на проццесот за издавање на Еврообврзницата која што владата требаше да ја издаде на меѓународниот финансиски пазар.
Според Маја Кадиевска Војновиќ која што е дел од Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ пропаста на издавањето на Еврообврзницата значи огромен потрес на светско нив кој што е досега невиден ви светски рамки. Импликациите кои што ќе следуваат во текот на претстојниот период од ваквата состојба предизвикана од Владата на Димитар Ковачевски и од него лично ќе треба допрва да се видат но во секој случај државата ќе трпи огромна финансиска штета во однос на својот меѓународен углед и веројатни финансиски издатоци на штета на граѓаните на Македонија.
Поради важноста на целовитоста на пренесените информации но и поради опасностите во кои што се наоѓа државата и сите граѓани од ваквиот досега невиден финансиски скандал предизвикан од Владата на Димитар Ковачевски погледнете ја во целост емисијата во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето
Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки откако почна пробниот период на „Безбеден град“ во Скопје
Мицкоски од Давос: Ќе ги презентираме можностите за инфестирање во Македонија