БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се бара од МЕПСО по 1 милион евра дневно Македонија да плати на европската енергетска мрежа за превземената струја

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во интервју за ТВ ТЕЛМА директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани зборуваше за ефектите од работењето на македонските енергетски власти и последиците предизвикани од прекумерното трошење на струја од страна на МАкедонија од Европската енергетска мреѓа. На прашањето од новинарот Огнен Чанчаревиќ:

– Какви може да бидат одлуките на ENTSO-E? Што е најдоброто а што најлошото сценарио? И колку тоа би чинело? МЕПСО и државата?

Директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани соопшти: Најдоброто сценарио е што ние ќе мора овие направени дебаланси сега за неколку дена да ги платиме и дополнително имавме закани дека поради пореметување на фреквенцијата ќе ни фактурирале по милион евра дневно, што ние сега се докажуваме со нив дека не сме направиле такво пореметување и се надеваме дека барем во тој аспект, значи ова второто, по милион евра на ден да не мораме да го платиме кон Европската мрежа. Во секој случај, кон крај на Ноември е планиран состанок на одборот на директорите на ENTSO-E, но сепак да повторам дека ова не е работа за која ќе се одлучува денеска или утре, најбитно е ние во наредниот период да не правиме отстапувања.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целата изјава на директорот на МЕПСО за ТВ ТЕЛМА погледнете ја во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace