На манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица, се оддржа седмата по ред манифестација „Бабина Баница” , организирана од каменичкото Здружение на пензионери, со поддршка на општина Македонска Каменица.
Илјадници гости од сите краеви на Македонија, како и посетители од Србија и Бугарија уживаа во манифестацијата, која содржеше богата културно-уметничка програма, како и натпреварувачки дел-подготовка на баница на традиционален македонски начин.
Непосакуван момент на настанот беше поројниот дожд и град, но и тоа не ги спречи посетителите да се задржат на „Еленец“. Организаторите на „Бабина Баница“ најавија дека манифестацијата догодина ќе биде уште помасовна и дека ќе бидат поканети гости од неколку балкански земји.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево