БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сепак Коцарев бил во право: Програма за укинување на катедрата по Македонски јазик е дел од програмата на Деканот на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Љупчо Коцарев во изминатиот период беше под жесток оган на приврзаниците на провладината пропаганда. Во обид да ја скријат намерата и постапката преку која образовните власти на чело со Мила Царовска и нејзиниот шеф Зоран Заев, сакаат да го девалвираат постоењето на институционалната втемеленост на Македонскиот јазик во образовниот процес.

Откако Претседателот на МАНУ Коцарев јавно реагираше во врска со програмата на Деканот на Филолошкиот факултет каде во период од 3 години се предвидува замена на постојната структура на факултетот од 11 катедри помеѓу кои и Катедрата за македонски јазик и јужнослевенски јазици со нова структура од пет отсеци, тој беше цел на медиумски напад од страна на дел од провладините мегафони како и поддржувачи на актуелната гарнитура на власт дека ширел лани вести.

Но сепак академик Љупчо Коцарев не отстапува од своето тврдење дека постои таква програма според која работи деканот на овој факултет. Тој истовремено ги поддржа професорите од Катедрата на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” да опстојат во борбата за зачувување на присуството на Македонскиот јазик на достојно ниво на третман од факултетот но и целокупната научна и Македонска јавност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Го поддржувам ставот на професорите од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, според кој не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност. Покрај тоа, ги охрабрувам во иднина цврсто да се држат до тој став, особено затоа што програма за работата на деканот на факултетот, во период од 15 септември 2020 година до 14 септември 2023 година, не е во согласност со ставот на катедрата. Според програмата, структурата на факултетот од 11 катедри се заменува со нова структура од пет отсеци, а иднината на македонски катедри станува неизвесна”,

-вели Коцарев за случајот во кој владини луѓе го напаѓаат од сите орудија, со кој тој го разобличува постоењето на ваквата програма.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace