Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска од терен ги најави реализацијата на активностите кои што ќе значат подобрување на животниот стандард за жителите на населбата Ново Село во Штип.
“Започнавме со решавање на дел од проблемите со кои се соочуваа жителите на ул.”Димитар Влахов” во населбата Ново Село.
Работните активности ќе се одвиваат во две фази и тоа :
Реконструкција на водоводната линија и атмосферските одводни шахти,за потоа да пристапиме кон уредување на тротоарските површини со павер елементи и заштитни столбови.
Изградба на дополнителни тротоарски површини на потегот од населбата “Ново Село” до ДСУ “Искра” кој ќе бидат оградени за безбедно движење на пешаците.”
-информираше градоначалникот Јорданов денеска за медиумите.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип
Во општина Кочани мора да владее законот: Пристигна оставката на директор на ООУ „Никола Карев“. Почнува постапка за избор на нов директор
Градоначалникот Владко Грозданов најави конечна одлука во врска со директорот на ОУ „Никола Карев“