До нашата редакција пристигна писмена реакција на граѓанин на Кочани кој што реагира во врска со негативно искуство со менаџментот на детската градинка во Кочани.
Во продолжение интегрално го пренесуваме овој текст со целосна дискреција кон идентитетот на авторот на истиот:
“ДИТА Да бидеш директор на некоја Кочанската институција значе да се трудиш таа институција да напредува, вработените да учат нови вештини и да се прилагодат кон новите текови на живеење.
Да бидеш директор на детска градинка !
Треба пред се да се вложиш и трудиш децата да добијат соодветен третман и да бидат згрижени, детските градинки се места каде родители мораат да ги носат своите деца за да од мали нозе научат нешто за другарство за животни навики и да растат заедно со други деца!
За жал некои директори обземени од функциите овие работи ги забораваат па си земаат за право да бидат и над сите закони и над сите човечки и морални големини
Си земаат за право децата да ги делат, затоа што нивните родители несе политички истомисленици како директорите кој за жал и немаат некоја своја политичка определба денес се со десницата утре со левицата , се прилагодуваат како камелеон и секогаш се со власта.
Но затоа за деца на вмровци нема место во градинките !
Срам и арам да ви е, време е за промени и поставување на директори кој ке престанат да ги делат децата на овие или оние , време е за луѓе кој ке се грижат за сите деца!
Време е оваа хунта да си оди заедно со Николчо Илијев!!!”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Починат 47 годишен жител на с. Лаки, виничко донесен во Брзата помош во Виница
Драган Ковачки во присуство на членови на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ одаде почит пред спомен плочата кај месноста Свиланово, кочанско каде загинал Никола Карев
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово