Од вечерашниот митинг од Охрид, Професорката Гордана Силјановска упати силни пораки кои се однесуваат за најголемата болка на Македонскиот народ присутна во изминатите 2 години одкако на власт во државата е Зоран Заев:
Ме прашуваат зошто велам дека името е отворено прашање, затоа што во 21-от век тажно е повторно замислете да се отвора Македонското прашање. Не велам дека ако ме изберете веднаш ќе го сменам името, тоа е невозможно. Но, сигурна сум дека ова име ниту има корен, ниту може да има иднина, секоја генерација има право на сој устав, така ги учам студентите, се повикувам на Русо, се повикувам на Џеферсон, се повикувам на колегата од Грција Венизелос и велам Уставот е процес, не е состојба, значи ќе дојде одговорен претседател, претседател од народот, за народот и со народот.
Ќе дојде одговорен парламент, што ќе ја почитува опозицијата и државнички ќе се однесува кон најважните прашања, ќе дојде на нов состав на Уставен суд што ќе го брани Уставот со знаење ама и со морал. Тогаш ние еден ден со една уставна промена важна ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост.
-соопшти Професорката по уставно право Гордана Силјановска Давкова на првиот ден од нејзината кампања во трката за Претседател на државата.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец во Струга пријавен дека физички ја нападнал својата сопруга
Оператор со погребални услуги во Берово откопувал човечки гробови и остатоците од човечки тела ги закопувал на градежна депонија
И ова е казниво дело: Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава